Македонија

Кумановец возел со 3,46 промили алкохол во крвта

Во тешко пијанство, со измерени 3,46 промили алкохол во крвта, кимановец вчера билсопрен од сообраќајната полиција. „На 16.5.2025 во 17 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(49) од село Долно Којнаре, кумановско. При сообраќајна контрола на улицата Борис Кидрич во Куманово било сопрено патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, кое […]

Во тешко пијанство, со измерени 3,46 промили алкохол во крвта, кимановец вчера билсопрен од сообраќајната полиција.

„На 16.5.2025 во 17 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(49) од село Долно Којнаре, кумановско. При сообраќајна контрола на улицата Борис Кидрич во Куманово било сопрено патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,46 промили алкохол во крвта“, соопшти полицијата.

Тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за кривичното дело Безобѕирно управување со моторно возило.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

To top