Хроника

Пукале од мопед во движење кон „ауди“ кај Куманово

Инцидент со огнено оружје

Инцидент со огнено оружје се случил рано утрово на локалниот пат меѓу населбата Карпош во Куманово и селото Никуљане во Општина Старо Нагоричане, кога од мопед во движење било пукано кон патничко возило.

Според МВР, околу 2:40 часот од мопед на кој се превезувале две лица биле испукани неколку куршуми кон „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Д.Д. од Куманово.

Во инцидентот нема повредени лица. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Најнови вести од: Хроника

Две казни со вкупно 3 илјади евра за Д.П. (34) од Србија, оти возел двапати побрзо од дозволеното!

Српски државјанин ќе плати вкупно 3.000 евра откако во два наврати бил фатен како вози со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената на автопатот А1, соопшти Основното јавно обвинителство Кавадарци.

Добил нож во стомак, откако ненамерно му го изгребал автомобилот на соседот

На расправијата ѝ претходела несреќна околност: „Реното“ во сопственост на прободениот 65-годишен маж, само тргнало по удолнина и удрило во паркираниот „Фолксваген“ на соседот, при што го изгребал

To top