Македонија

Сиљановска-Давкова до првачињата: „Нема подобра инвестиција од знаењето“

Претседателката, родена во Охрид им порача на првачињата да се натпреваруваат не само за оценки, туку пред сè, за знаење и успех, да бидат љубопитни и критични и да развиваат другарства со соучениците и наставниците

Сиљановска-Давкова заедно со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, присуствуваше на првиот училиштен час на првачињата во ООУ „Св. Климент Охридски“, со што беше одбележан почетокот на новата учебна година.

„Нема подобра инвестиција од онаа во знаењето“, им порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на првачињата, посакувајќи им успешен почеток на школувањето.

Претседателката ги повика најмладите да учат, да бидат љубопитни и да поставуваат прашања, нагласувајќи дека знаењето ќе им помогне да бидат посамостојни и да имаат поголемо разбирање за светот околу себе, пренесе МИА.

„Колку повеќе ќе знаете, толку повеќе ќе разбирате, толку ќе бидете потолерантни и посамостојни. Затоа инвестирајте во себе. Учете. Нема подобар пријател од книгата“, порача Сиљановска-Давкова.

Таа им порача на првачињата да се натпреваруваат не само за оценки, туку пред сè, за знаење и успех, да бидат љубопитни и критични и да развиваат другарства со соучениците и наставниците.

“Бегајте од насилството. Бидете другари со наставниците и развивајте другарство со учениците“, им порача претседателката.

Сиљановска-Давкова, која е родена во Охрид, истакна дека и самата би сакала да се врати во детството и да се запише во училиште со таков амбиент и резултати, а се осврна и на учителската професија.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top