Македонија

Јаневска: Првачињата треба да побараат братче или сестриче од родителите

Новата учебна година носи и сериозен предизвик за образовниот систем – сè помал број ученици и затворање на училишта, особено во руралните средини. За проблемот со намалувањето на бројот на паралелки и празните училишни објекти се осврна министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Јаневска ги повика првачињата, покрај знаењето, да „побараат“ и братче или сестриче, со цел во иднина да има доволно ученици за повторно да се отворат училиштата што сега се привремено затворени.

„Ако продолжиме вака, постојано ќе затвораме училишта. Затоа пораката до првачињата е: освен што ќе побараат да стекнат знаење, можеби треба да побараат да стекнат и братче и сестриче, за да можеме повторно овие привремено затворени училишта, во иднина да ги отвораме“, рече Јаневска при посетата на ООУ „Ацо Шопов“ во Бутел.

Оваа учебна година има 433 паралелки помалку во споредба со минатата година – 222 во основното и 211 во средното образование. Намалувањето е резултат и на одлуката на Министерството за образование да се спојуваат малите паралелки во поголеми.

Според податоците што ги презентираше министерката, во земјава има вкупно 148 празни училишни објекти, од кои најголем дел се наоѓаат во руралните средини.

Од вкупно 1.023 централни и подрачни училишта, во 620 објекти оваа учебна година ќе се реализира настава во една смена.

Јаневска информираше и дека се обезбедени учебници за сите ученици, додека за децата со посебни образовни потреби се ангажирани вкупно 1.524 образовни асистенти – 1.358 во основното и 166 во средното образование.

Најнови вести од: Македонија

Ангелов: Тежок пожар беснее во атарот на селата Локов и Буринец во Струга

Тежок пожар има во атарот на селата Локов и Буринец во Струга, каде гори неквалитетна шума, грмушки и трња, а постои опасност пожарот да зафати и квалитетна шума, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Мицкоски: Јовановиќ призна дека СДСМ и ДУИ тројно го зголемија долгот, за кој плаќаме камати од 350 милиони евра

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање како го коментира интервјуто на Бранимир Јовановиќ, поранешен висок функционер од СДСМ, каде што признава дека поранешната влада на СДСМ и ДУИ ѝ оставила долг на оваа Влада, за кој до денес се плаќаат камати, рече дека тој сам признал дека додека на власт била владата на СДСМ и ДУИ за трипати ги имаат зголемено долговите и обврските кои сега оваа Влада ги плаќа.

Најнови вести

To top