„Соединетите Американски Држави почнуваат напади врз ирански цели во близина на Ормутскиот теснец. Ова се големи и моќни напади“, објави американскит пртседател на неговата социјалната мрежа Truth Social.
Според него, ова се напади „како одговор на неуспешниот обид на Иран да постави мини во теснецот, каде што во моментов нема мини“, како и на ракетните напади на Иран врз американската воена база во Јордан.
Трамп, исто така, предупреди дека ако Иран одговори на овој напад, „ќе добијат многу помоќен удар“. Во исто време, според него, ова нема да биде „најголемиот американски напад – таков напад чека свое време, а кога ќе се случи, од Иран речиси ништо нема да остане“.
Нападите на САД врз Иран во вторник беа насочени кон радарите, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.