Свет

По трет пат Унгарија го блокираше процесот на пристапување на Украина во ЕУ

Будимпешта не да се отвори вториот и третиот преговарачки кластер на Украина

 

Работната група на Советот на ЕУ за проширување и земји што преговараат за пристапување (COELA) го одржа својот прв состанок по летната пауза во вторник, 1 септември. Според „Украинска правда“, повикувајќи се на извори на „Европска правда“ во Брисел, Унгарија одби да ги одобри резултатите од скринингот за вториот и третиот преговарачки кластер на Украина.

Одлуката го спречува Советот да продолжи со подготовките за формално отворање на кластерите, бидејќи таквата одлука бара едногласност од сите 27 земји-членки на ЕУ, пренесе Киев пост.

Додека Украина не преземе неопходни чекори за да ги исполни своите билатерални обврски за правата на националните малцинства, Будимпешта нема да ја поддржи нејзината следна фаза на пристапување во ЕУ со тоа што ќе дозволи напредок во кластерите, објави одделно „Украинска правда“ во вторник.

За време на јулските состаноци, Будимпешта се согласи да го унапреди само Кластер 3 за Молдавија.

Повеќето земји од ЕУ, предводени од Ирска – која го има претседателството со Советот – се спротивставија на одвојувањето на пристапните патеки на Украина и Молдавија, што значи дека не е донесена одлука за ниту една од земјите.

Следниот состанок на COELA е закажан за среда, 2 септември, иако „Украинска правда“ објави дека Украина и Молдавија не се на дневен ред.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top