Македонија

Отворен повик за жени од Југоисточниот регион за обуки и поддршка на зелени иницијативи

Јавен повик за жени од Југоисточниот регион на Македонија

Македонски Каритас објави јавен повик за жени од Југоисточниот регион на Македонија за учество во програма која опфаќа четири еднодневни обуки посветени на женското лидерство, заштитата на животната средина и развојот на зелени иницијативи во локалните заедници.

Повикот е отворен за индивидуални учеснички и за претставнички на граѓански организации од општините Богданци, Босилово, Валандово, Гевгелија, Дојран, Ново Село и Струмица. Бројот на учеснички е ограничен.

Програмата има цел да ги зајакне знаењата и практичните капацитети на жените во областа на заштитата на животната средина, климатските промени и локалното лидерство, како и да создаде услови за нивно поактивно учество во креирањето и спроведувањето иницијативи од значење за заедницата.

Во рамки на обуките ќе бидат опфатени теми поврзани со одржливото управување со водните ресурси, отпадните води, чистењето и заштитата на реките и каналите, адаптацијата кон климатските промени, планирањето и управувањето со проекти во локалната заедница, како и улогата на жените во локалното лидерство, процесите на донесување одлуки и застапувањето за прашања од областа на животната средина.

Посебен дел од програмата е можноста учесничките, по успешно завршување на обуките, да аплицираат за микро-грантови за реализација на сопствени зелени иницијативи во своите локални заедници.

Избраните иницијативи ќе добијат финансиска и менторска поддршка во текот на нивната реализација, со што стекнатите знаења од обуките ќе можат да се преточат во конкретни активности и видливи придобивки за локалното население и животната средина.

Трошоците за учество во програмата се покриени во рамките на проектот.

Заинтересираните кандидатки можат да се пријават преку онлајн формуларот објавен на интернет-страницата на Македонски Каритас, https://caritas.mk/javen-povik-za-poddrska-za-zensko-lide/ .

Рокот за пријавување е 9 септември 2026 година.

Датумите и локациите на четирите обуки дополнително ќе им бидат соопштени на избраните учеснички.

Програмата се реализира во рамки на проектот „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода, санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“, кој го спроведува Македонски Каритас со финансиска поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија и Каритас Словенија

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top