Македонија

Наставниците да не мислат на платите, тие повторно ќе се покачат во март в година, рече министерката

Весна Јаневска рече дека наставниците немаат причина да стравуваат за своите примања, бидејќи тие, како што рече, ќе продолжат да се зголемуваат секоја година.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека наставниците во март следната година ќе добијат ново зголемување на платите, согласно договореното со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

  • „Тоа е сигурно и во согласност со договореното со СОНК“, изјави таа одговарајќи на новинарски прашања по посетата на ОУ „Љубен Лапе“ во скопски Аеродром.

Според неа, наставниците немаат причина да стравуваат за своите примања бидејќи тие, како што рече, ќе продолжат да се зголемуваат секоја година.

  • „Претходно имапше потпишувања спогодби, договори, ќе има, ќе нема. Имавме и штрајк. Во овој случај тие се безбедни, не треба да мислат на платите, тие ќе се покачуваат секоја година. В година во март повторно ќе бидат покачени платите на наставниците“, додаде Јаневска.

Најнови вести од: Македонија

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top