Македонија

По 82 дена малата Бисера родена со помалку од еден килограм тежина замина дома

Голема победа за семејството, за Одделот за интензивна нега и за Клиниката за гинекологија и акушерство

Вчера со среќен крај заврши битката за живот која по речиси 3 месеци неверојатни напори се случуваше на одделот за интензивна нега на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

,,Денес е ден за солзи радосници, за длабока воздишка и за прослава на најголемата животна победа. По цели 82 дена поминати на одделот за интензивна нега (ОИНТ), нашето мало, а толку големо чудо — малата Бисера, конечно го прави својот најважен чекор и заминува дома, во прегратките на своите родители каде што и е местото”, објави клиниката.

Бисера се родила во 27 недела од бременоста со телесна тежина од 960 грама тежина.

Бисера уште од својот прв ден покажа што значи да се бориш без збор, а да кажеш сè. Со секој изминат ден, со секое отчукување на срцето и секој самостоен здив, таа ни одржа лекција за храброст, за волја и за животна сила . Таа не беше само пациент — таа беше нашата мала хероина, нашата дневна инспирација и потсетник зошто оваа професија е толку света, објавија луѓето кои се грижеа за неа и кои ја извојуваа оваа огромна победа.

,,Секој монитор што чукаше во нејзиниот ритам, секоја промена на нејзиниот апарат, секоја непреспана ноќ и секој нежен допир преку инкубаторот беа дел од една невидлива, но нераскинлива врска. Во овие 82 дена, целиот тим дишеше во ист ритам со неа помагајќи и да ги надмине сите препреки. Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство, ја чувавме секоја нејзина мала победа и со страв и надеж чекавме да дојде токму овој ден.
До нејзините родители: ви честитаме на несекојдневната трпеливост, тишината која ја носевте со толку достоинство и вербата која ниту за момент не ја изгубивте. Вие бевте нејзиниот најсилен столб, а таа вашата најголема светлина.
Драга мала Бисера,
Сега кога си ги пакуваш невидливите крилја со кои ги прелета сите пречки, ти посакуваме дома да те дочекаат само смеа, топлина, безгрижни денови и прегратки кои никогаш не завршуваат. Расти здрава, жива и среќна, сјај силно и никогаш не заборавај дека уште од првите денови на овој свет покажа дека си вистински победник.
Денес ОИНТ испраќа еден мал дел од своето срце дома.
Среќен пат кон новиот почеток, мила Бисера!”, и порачаа на Бисера од клиниката за гинекологија и акушерство на Бисера.

Најнови вести од: Македонија

ТАВ Аеродроми: Меѓународниот Аеродром Скопје официјално ја доби наградата ASQ за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ на Глобалниот самит за патничко искуство на ACI во Истанбул

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП, официјално ја доби престижната награда за квалитет на аеродромски услуги (ASQ) за 2025 година во категоријата „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI World). Наградата беше доделена за време на Глобалниот самит за патничко искуство на ACI што се одржа во Истанбул на 2 септември 2026 година.

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ на Плоштад Македонија

настанот ќе почне во 20 часот и преку музика, глума и танц, во вид на мултимедијален сценски спектакл, ја раскажува приказната за 35 години независност на Македонија, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении

To top