Свет

Трамп не е сигурен дека санкциите ќе го спречат Путин

Трамп остро го критикуваше „одвратното“ однесување на Русија кон Украина

Трамп во четврток ја заостри својата закана за воведување санкции врз Русија поради војнаta во Украина, но призна дека оружјето за кое некогаш тврдеше дека делува на сите – заканата од финансиска пропаст – можеби нема да има ефект врз претседателот Владимир Путин.

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше „одвратното“ однесување на Русија против Украина и рече дека планира да воведе санкции врз Москва доколку не може да се постигне договор.

Трамп, на средба со новинарите во Овалната соба, рече дека не е сигурен дали санкциите ќе ја одвратат Русија, пренесе Ројтерс

Тој му даде рок на рускиот претседател Владимир Путин до 8 август да склучи договор или во спротивно ќе одговори со економски притисок.

„Ќе воведеме санкции“, рече тој, иако рокот што ѝ го даде на Москва оваа недела сериозно да се вклучи во прекинот на огнот сè уште не е истечен.

„ Мислам дека е одвратно она што го прават“, рече тој, очигледно мислејќи на нејзиното континуирано бомбардирање на Украина, пренесе  Њујорк Тајмс.

Коментарите на Трамп дојдоа откако државниот секретар Марко Рубио призна во интервју за радио „Фокс њуз“ дека администрацијата одржала тајни разговори со Русија оваа недела – „не со Путин, туку со некои од врвните луѓе на Путин“ – и дека не постигнала никаков напредок во прекинот на огнот.

Трамп рече дека повторно го испраќа својот специјален претставник, Стив Виткоф, во Русија, но последната посета што Виткоф, колега инвеститор во недвижности, му ја направи на Путин се покажа како неплодна.

Русија разви имунитет на санкции, реагираше Кремљ откако Трамп го скрати рокот за прекин на огнот…

 

 

Најнови вести од: Свет

Кај Солун се снимал додека возел со 304 км/ч на пат со ограничување од 90 км/ч! (Видео)

Покрај тоа што возел пребрзо, возачот самиот го снимал маневрирањето, што значи дека го вози возилото само со една рака, што предивикува дополнителна опасност. Снимката направена на пат кај Солун заврши на ТикТок. Како што се очекуваше, видеото се рашири молневито, привлекувајќи го вниманието на полицијата, која брзо го пронајде прекршителот и на крајот го фати.

Пронајден починат македонски државјанин кој исчезна во Брисел пред 22 години

Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во Брисел му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција

To top