Хроника

Од удар на гром усмртени 95 овци под Солунска Глава

Сопственикот со останатиот дел од стадото од околу 1.200 овци во тој момент не биле на местото кадешто удрил громот

Во невремето што го зафати велешко на 2 септември попладнето од удар на гром под врвот Солунска Глава на планината Јакупица биле усмртени 95 овци на сточар од Горно Јаболчиште, Општина Чашка, потврди Секретаријатот за внатрешни работи од Велес.

Истиот ден околу 19:30 часот во СВР Велес е пријавен настанот што се случил 500 метри под Солунска Глава, во кој настрадале овците од стадото на 37-годишниот Тасин Усеинов од околу 1.200 грла. Тој и останатиот дел од стадото во тој момент не биле на местото кадешто удрил громот.

Сопственикот на угинатите овци за случајот известил инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство, кој извршил увид заедно со екипа на СВР Велес.

 

 

Најнови вести од: Хроника

Изречена ефективна затворска казна за возач за брзо возење – прва во Повардарието

Н. З. (36) на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија управувала „мерцедес“ со српски регистарски таблички со брзина од 169 км/ч на место каде што дозволената брзина е 80 км/ч. В. Ж. (57) со автомобил „ауди“ возел на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија со 175 км/ч на место каде што е дозволена брзина од 100 км/ч.

Царинската управа спречи шверц со строго регулиран лек за малигни заболувања на граничниот премин „Богородица“

Царинската управа денеска информираше дека мобилен тим од Одделението за оперативни работи запленило вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош.

To top