Македонија

Градскиот воз за три дена превезол околу 1.500 патници

Министерот за транспорт и врски Николоски очекува 100.000 патници на Градскиот воз за два месеца

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски е задоволен од стартот на Градскиот воз, кој за три дена превезол околу 1.500 патници.

„Возењето со воз е нешто што во Европа е најнормално за голем дел од населението, особено во големите урбани центри и мислам дека на Скопје многу ќе му значи не само како намалување на загадувањето, не само како побрзо стигнување од една до друга точка, туку и како стил на живот“, изјави тој во „Тема на денот“ на ТВ Сител, додавајќи дека апсолутно би го користел ако живее во Драчево.

„Денес ако тргнете со автомобил од Драчево до Центар не знаете за колку време ќе стигнете, а просекот е околу педесетина минути, додека со Градски воз е 13. Значи, разликата е многу голема, да не зборувам за пријатноста на патувањето“, објасни тој.

„Првичните анализи се добри, а ние очекуваме дека интересот ќе расте. За три дена имаше околу 1.500 патници, што значи дека станува збор за околу 500 на ден, што е солидна бројка. Очекувам дека за многу брзо време ќе надминеме 20.000 патници и за два месеца ќе имаме 100.000 патници. Доста луѓе и не се информирани, до скоро беа летни одмори, почеток на септември е, така што, како што ќе одминува времето, очекувам повеќе патници на Градскиот воз“, изјави Николоски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

Законите важат за сите, велат од Влада за апсењето на возачот на Генералниот секретаријат

Затекнувањето на осомничениот се случило на 4 септември 2026 година, во моментот кога му биле предавани 500 евра со претходно обележани банкноти. Оваа сума била дел од вкупно побараната награда од 1.500 евра.

Бујар Османи се посрамоти: Дешира Ахмети-Крлиу пееше заедно со Карерас, а Османи рече дека немало Албанец на сцената

Дешира Ахмети-Крлиу не беше само формално ставена на списокот на учесници. Таа настапи како една од оперските солистки, а на крајот од спектаклот се појави на сцената заедно со Карерас и со останатите македонски изведувачи во заедничката изведба на „Едно име имаме“. Снимките и извештаите од настанот го потврдуваат нејзиното учество.

Заострени закони, но хаос на улиците: Дали новите правила за електричните тротинети ставија ред во сообраќајот?!

Забележливи се многу тротинети низ градските улици, но дали и колку новата законска рамка внесе ред во сообраќајот? Наместо по велосипедски патеки, електричните возила се движат меѓу пешаците. Тоа го детектирала и полицијата, повеќе од половина од прекршоците направени со употребата на овие превозни средства, се токму за непрописно движење по пешачки површини. И заштитните кациги не се во масовна примена.

To top