Свет

Илон Маск: АфД заврши „добра работа“

Mилијардерот на својата платформа за социјални медиуми „Х“ го поздрави успехот на крајнодесничарите на вчерашните покраинските избори во Саксонија-Анхалт

Милијардерот Илон Маск ѝ честиташе на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) за победата на покраинските избори во Саксонија-Анхалт, објави ДПА.

АфД триумфира во Саксонија-Анхалт со 44,5 отсто од гласовите!

Маск претходно изрази поддршка за германската политичка партија.

„Добро завршена работа!“ напиша милијардерот на својата платформа за социјални медиуми „Х“. Неговиот коментар беше одговор на објавата на лидерката на AfD, Алис Вајдел, која му честиташе на лидерот на партијата во Саксонија-Анхалт, Улрих Зигмунд.

Зигмунд брзо му одговори на Маск, заблагодарувајќи му се за поддршката.

„Ако преземеме одговорност тука, би ја поздравил можноста за силна и конструктивна соработка. Германија повторно би било место во кое вреди да се инвестира“, напиша Зигмунд.

„Поздрави од Саксонија-Анхалт!“ додаде тој.

Поранешниот амбасадор на САД во Германија, Ричард Гренел, исто така, ѝ честиташе на AfD за „Ex“.

„Огромна победа и нов ден за Германија“, напиша Гренел, кој, како и Маск, одржува блиски односи со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој постојано предизвикуваше контроверзии за време на неговата дипломатска служба во Германија.

Најнови вести од: Свет

To top