Македонија

Тече рокот за пробугарската МПО: Ако не се извинат ќе одговараат пред македонски или американски судови

Мизерно е т.н. македонска патриотическа организација, да прави цензура

Канал 5 јавува дека тече рокот за извинување даден на американската организација која се нарекува Македонска патриотическа органзација која меѓу македонската дијаспора во САД се смета за пробугарска.

 

Ако не се извинат ќе одговараат пред македонски или американски судови , порача директорот на Канал 5 Иван Мирчевски кој објаснува дека ,,иако т.н. МПО на 30ти мај 2025 год. „панично“ брзаше да се огради од ставовите на Бугаринот кој се расплака (Иван Динев Иванов), изречени во емисијата „на кавга со Иван“, на 21 јуни пак објавија „отворено писмо“ во кое директно ширеа клевети и навреди”, пишува Мирчевски кој иронично вели дека ,,Изгледа господата се „попишманија“.

Според него МПО сега има 72 часа за јавно да се извини, потоа Канал 5 и тој ќе ги користат сите правни лекови кои ги имаат на располагање во Македонија, САД и ОН.

 

,,Веднаш после емисијата „на кавга со Иван“ во која ми гостуваше Бугаринот со американски пасош, Иван Динев Иванов, МПО побрза да се огради од неговите ставови со понуда да сме се слушнале за да ми ги објаснеле нивните ставови, кои мене ми се јасни повеќе од 30 години.

 

Жално е и истовремено и смешно, една организација која се стреми да ги заштитува човековите права, истовремено да клевети и навредува новинари и медиумски работници за свој изречен став и мислење.

Мизерно е пак, тие истите, во овој случај т.н. македонска патриотическа организација, да даваат јавно мислење за мојата емисија и истата да биде подложена на некаков нивен етички мониторинг, што за секој медиумски работник , па и во Бугарија е обид за ЦЕНЗУРА!

 

Овие исти господа кои пропагираат непостоечка, измислена и замислена етничка норма – македонски Бугари, етникум или признат етнички идентитет која не е нотиран во меѓународниот правен промет ниту пак во Обединетите Нации, за жал шират сериозни клевети кои се граничат со говор на омраза”, пишува Мирчевски кој смета дека истовремено ниту дотичниот г-дин Динев Иванов ниту некое друго живо битие на планетата Земја, не може да покаже никаков валиден идентификационен документ како што е лична карта, пасош или извод од матична книга на родени.

,,Непочитуван г-дине Стефанофф, оставам академски простор од 72 часа од кога ви беше пратен на вашата официјална email адреса , долупосоченото барање за јавно извинување, истото да го сторите.

Доколку тоа не се случи, за овие за мене директни напади од ваша страна ( лично од Вас но и од МПО ), ќе ги известам: Министерството за надворешни работи, Амбасадата на САД во Македонија, канцеларијата на ЕУ во Скопје како и канцеларијата на Обединетите Нации”, објавува директорот на Канал 5.

 

Емисијата што ги предизвика настаните

Најнови вести од: Македонија

Филипче: Вистински патриотизам е само унапредување на нашата држава

Лидерот на СДСМ, денеска од Крушево, на одбележувањето на 122 години од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ, го честита празникот. „Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, од каде што тргна големата борба, епопејата за слободна, независна држава. Денеска ги славиме и двата Илиндени, […]

Мицкоски: Илинден е вистината за Македонија која живее

Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност. Илинден е вистината за Македонија која живее, напиша премиерот Христијан Мицкоски во својата честитка. -Тоа не е само историја – тоа е жив идентитет, потсетник на стремежот за слобода, правда и сопствена држава. На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои […]

Девет фирми добиле покана да достават понуда за Букојчани-Кичево

Јавното препријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека е завршена претквалификациската фаза на тендерот за изградба на автопатот Букојчани-Кичево кој е дел од Коридорот 8. Се додава дека девет фирми, кои ја поминале оваа фаза, влегуваат во процесот за избор на изведувач за изградба на автопатот и дека денеска добиле покана да ги достават своите […]

To top