Македонија

Петир: Чувствувам искрено пријателство и голема блискост кон Македонија и Македонците

„Драги луѓе, тешка историја, многу неправди, но и голема сила и достоинство, вели хрватската пратеничка во честитката по повод Денот на независноста на Македонија

Кога луѓето ме прашуваат зошто толку многу ја поддржувам Македонија, одговорот е едноставен – затоа што чувствувам искрено пријателство и голема блискост кон овие луѓе, објави на социјалните мрежи пратеничката во хрватскиот парламент и поранешен член на Европскиот парламент, Маријана Петир упатувајќи честитка по повод 8-ми Септември, Ден на независноста на Македонија.

„Ја одбележавме 35-годишнината од независноста на Македонија во Хрватскиот државен архив со гала концерт на македонска хорска музика во изведба на професионалниот хор ПРО АРС, под диригентската палка на маестро Саша Татарчевски, и со изложбата на Државниот архив на Македонија „Архивски документи – столб на македонскиот идентитет“, која сведочи за историскиот пат на Македонија кон независноста.
Драги луѓе, тешка историја, многу неправди, но и голема сила, достоинство и љубов кон нашата земја. Затоа ми е особено драго што ја славиме оваа важна годишнина во Хрватска, потврдувајќи го долгогодишното пријателство и културна врска меѓу нашите две земји.
Среќен Ден на независноста на прекрасната Македонија и на сите што ја сакаат! 🇲🇰 Види помалку

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

To top