Судското рочиште за предметот „Лотарија“, кој се води пред Основниот кривичен суд Скопје, денеска беше одложено откако утрово пребеганиот поранешен директор на Државна лотарија, Прпарим Бајрами, кој е првоосомничен во случајот, ѝ се предаде на полицијата.
Бегалецот Перпарим Бајрами се предаде на македонските власти
Како што известија од Судот, од Управата на затворот „Скопје“ го известиле Основниот кривичен суд Скопје дека Бајрами, првообвинет во предметот поврзан со Државната лотарија, а за кого беше распишана меѓународна потерница, нешто по седум часот утрово бил спроведен во затворот на издржување на претходно определената мерка притвор.
Тошковски за Пејперим Бајрами: Сите што се во бегство ќе се соочат со законот! (ВИДЕО)
„Заради тоа, Судот во текот на денов на обвинетиот ќе му достави примерок од обвинителниот предлог, како би можел да се запознае со истиот, а со оглед дека законскиот рок за увид во предлогот и доказите е осум дена, расправите насрочени за 11-ти и 16-ти септември се отповикуваат, а судењето ќе продолжи на 18-ти септември“, информираа од Кривичен.