Македонија

Бујар Османи посакува избори идната пролет

Потпретседател на Демократската унија за интеграција (ДУИ), гостувајќи во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, најави дека неговата партија се подготвува за предвремени парламентарни избори во пролетта 2027 година

 

На прашањето дали постои договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за избори во април, Османи потврди дека имало комуникација со ВМРО-ДПМНЕ, но не изнесе детали за некаков конкретен договор.

„Ние бараме избори. Природно, имаше комуникација со ВМРО-ДПМНЕ преку разни канали и нема противење. Очекуваме избори во пролетта 2027 година и вршиме подготовки“, изјави Османи.

Во врска со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, против кого се води постапка во случајот „Лотарија“, Османи ја оцени како апсурдна одлуката тој да се гони за колективна одлука на Владата, истакнувајќи дека одговорноста за таквите одлуки ја сносат Управниот суд и Уставниот суд.

Тој додаде дека фокусот треба да се премести од третирањето на случајот како „спектакл“ кон самите факти.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top