Македонија

Мицкоски: Судството е заробено од претходната власт, но правдата мора да победи

Гледате како грчевито се борат, ги амнестираат. Таков беше случајот со модуларната болница, така и сега со Ласкарци

Одлуката на Врховниот суд за укинување на пресудата за автобуската несреќа кај Ласкарци е разочарување и е последица на „рецидиви и остатоци“ од претходната власт кои сè уште делуваат во правосудниот систем, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарски прашања, по посетата на реновираната зграда на Клиника за неврофизиологија.
​
Коментирајќи ја одлуката на Врховниот суд за Ласкарци, Мицкоски истакна дека станува збор за „рецидиви, остатоци, мал дел од претходната влада на СДСМ и ДУИ и тоа е последниот ресурс за заштита на таа влада и на луѓето коишто беа дел од таа влада”.

– Гледате како грчевито се борат, ги амнестираат. Таков беше случајот со модуларната болница, така и сега со Ласкарци. Имаме десетици жртви, имаме многу луѓе коишто имаат траен инвалидитет, но за жал тоа не е доволна причина за овие малкумина судии и обвинители да застанат на страната на правдата. Сепак тие остануваат да бидат верни слуги на тие коишто во минатото ги поставиле. ​И тоа е уште едно разочарување, не само за мене, туку генерално и за граѓаните – изјави Мицкоски.

Според него, овие малкумина судии ги контаминираат сите оние чесни судии и обвинители коишто се во нашиот правосуден систем, но, како што нагласи, „добро е колегите од Европската Унија, да ги гледаат овие примери и да видат, кога зборуваме за правосудството, со кого ние имаме работа и со кого ние во суштина имаме предизвик да се бориме”.
​
– Понекогаш имам и чувство дека со ветерници се бориме, како да е сето ова Дон Кихотовска битка. Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода луѓе за коишто постои основано сомнение, односно правосилна судска пресуда, и како последица на нивното работење имаме повеќе десетици мртви, како ништо да не било. Тоа за нив ништо не значи бидејќи од тој којшто ги назначил, нивниот стопан, нивниот газда, добиле таква наредба. Тоа е едно големо разочарување – изјави Мицкоски.

​Но, нагласи премиерот, нема да се откажеме и ќе продолжиме да се бориме.

– Правдата мора на крај да победи и ќе победи – порача Мицкоски.

Врховниот суд, вчера информира дека ја укинува пресудата на Апелациониот суд Скопје за автобуската несреќа кај Ласкарци со која беа зголемени казните на дел од обвинетите и предметот го врати на повторно постапување и одлучување.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top