Свет

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

Пратеничката група на АфД во петокот во соопштение за јавноста наведе дека изјавите упатени кон партијата „имаат кривично-правна тежина“, поради што Мерц не би требало да ја ужива вообичаената правна заштита. За време на расправата во средата, Мерц возврати откако копретседателката на АфД, Алис Вајдел, остро ја критикуваше неговата политика.

Тој рече дека „милиони луѓе со мигрантско потекло работат и во занаетчиството. А кога она за што вие овде се залагате, односно ‘ремиграција’, би станало реалност, тоа не би било ништо друго освен етничко чистење врз основа на бојата на кожата и потеклото…“

Неговата реченица беше прекината од дофрлања на пратениците на АфД, по што демохристијанинот продолжи: „Дами и господа, зборот ‘ремиграција’ не е ништо друго освен синоним за етничко чистење врз основа на потеклото и бојата на кожата.“

Штефан Бранднер, правен советник на пратеничката група на АфД, ја опиша изјавата како „изјава со кривично-правна тежина“, тврдејќи дека таа излегува од рамките на заштитата со парламентарен имунитет, бидејќи станува збор за клевета. Според член 46 од германскиот Устав, пратеник не може кривично да биде гонет поради изјави дадени во парламентот. Меѓутоа, клеветничките навреди претставуваат исклучок од тоа правило.

Надлежните органи можат да спроведат истрага против пратеник, но Бундестагот мора да гласа за одземање на имунитетот на лицето, на пример доколку биде поднесено обвинение.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

To top