Македонија

„Михаел ќе остане засекогаш дел од нашето училишно семејство“ – училиштето се прости од 18-годишникот, кој загина со татко му на патот Илинден – Миладиновци

Училиштето „Здравко Цветковски“ се прости од својот ученик Михаел Арсовски, кој заедно со својот татко го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа на патот Илинден – Миладиновци. „Со длабока тага ја споделуваме веста за трагичната и ненадејна загуба на нашиот ученик Михаел Арсовски, ученик во Г-4а клас, кој заедно со својот татко трагично го загуби животот“, објави училиштето..

Од училиштето упатија сочувство до семејството и сите блиски на Михаел. „Во овие тешки моменти, нашето училиште упатува најдлабоко сочувство до семејството, роднините, пријателите, соучениците и сите кои ги познаваа. Михаел ќе остане засекогаш во нашите сеќавања како дел од нашето училишно семејство. Нека почиваат во мир“, се наведува во објавата.

Михаел е 18-годишниот син на 51-годишниот жител на Марино, кои загинаа во сообраќајната несреќа што се случи околу 2 часот по полноќ на општинскиот пат Илинден – Миладиновци, кај полициската база Брест во склоп на Меѓународниот аеродром Скопје. Според Основното јавно обвинителство Скопје, директно се судриле „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувана од 19-годишен кумановец, и „хјундаи и30“, управуван од 51-годишниот жител на Марино.

Таткото и неговиот 18-годишен син починале на самото место, додека тешко била повредена и 18-годишната ќерка на загинатиот возач. Тешки телесни повреди добиле и 19-годишниот возач на „опелот“ и неговиот сопатник на иста возраст. Двајцата биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба.

Јавен обвинител издал наредби за обдукција на телата на двајцата починати, а надлежните продолжуваат со прибирање докази за да се утврдат причините и околностите за директниот судир.

Најнови вести од: Македонија

Владата денеска ќе го намалува данокот на додадена вредност за горивата од 18 на 10 проценти

Владата денеска ќе одржи седница на која треба да донесе нова мерка за ублажување на растот на цените на горивата – намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, најави премиерот Христијан Мицкоски.

ВМРО ДПМНЕ: Силни инвестиции во инфраструктурата во општина Илинден – нови улици, училишта, спортски содржини, но и зголемена поддршка за семејствата

„За период од една година Општина Илинден со посветена работа и јасна визија продолжува да се сразвива и да создава подобри услови за живот на сите граѓани. Во изминатиот период во Општина Илинден се реализираа бројни проекти кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

Илјадници Албанци во Приштина, заради поддршка на припадниците на УЧК, меѓу нив и лидерот на ДУИ Али Ахмети со извик: „Да живее УЧК!“

Во центарот на Приштина се одржа „Марш за слобода“, собир за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Специјалниот суд во Хаг за воени злосторства извршени на Косово и Метохија во текот на 1998 и 1999 година, пишува rts.rs. На својот фејсбук профил лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој присуствуваше на овој марш и митинг, објави: „Денес, во Приштина марширавме за слобода и во поддршка на Ослободителите. Албанскиот народ ги прогласи како невини Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими. Да живее УЧК!“

„Н.М“: Фашизам е обидот на Костадинов и „Преродба“ да го прогласат македонскиот јазик како бугарски!

Лидерот на бугарската радикална десница Преродба, Костадин Костадинов, во бугарското Народно собрание официјално поднесе иницијатива со која бара македонскиот јазик со законски и институционален акт да биде третиран единствено како „бугарски дијалект“. (!?) Ова не е инцидентен настап на Костадинов, туку континуирана платформа на неговата партија Преродба, која преку негирање на македонскиот национален супстрат демонстрира класични фашизоидни елементи, собирајќи евтини политички поени на домашната сцена. Ова се нагласува во политичката анализа со наслов „Анатомија на една фашизоидна провокација“, која ја објави денес весникот „Нова Македонија“. 

Најнови вести

To top