Свет

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

Целта на реформите е да се стабилизира финансиската состојба на фондовите за здравствено осигурување; дел од товарот за заштеда на трошоци ќе падне врз самите осигуреници преку повисоки износи за доплата (ко-плаќање), намалени бенефиции и повисока основица за пресметка на придонесите.  Првичните промени треба да стапат на сила во 2027 година и директно ќе влијаат врз секојдневните трошоци за здравствена заштита.

За лековите што се издаваат на рецепт, стапката на доплата останува 10 проценти, но се менуваат минималните и максималните износи. Наместо сегашниот опсег од 5 до 10 евра, осигурениците ќе плаќаат меѓу 7,50 и 15 евра по лек. Ќе поскапи и болничкиот престој. Дневната доплата се зголемува од 10 на 15 евра, иако останува на сила ограничувањето според кое наплатата е лимитирана на најмногу 28 дена во календарската година.

Планирани се повисоки доплати и за физикална терапија, работна терапија и логопедски третмани. Покрај надоместокот од 10 проценти за услугата, фиксната доплата по рецепт или упат се зголемува од 10 на 15 евра. Законските ограничувања за вкупниот финансиски товар на осигурениците остануваат непроменети. Годишните доплати и понатаму се ограничени на два проценти од бруто-приходот, односно на еден процент за лицата со тешки хронични заболувања.

Една од позначајните промени се однесува на забната протетика. Учеството на здравственото осигурување во трошоците за стандардна протетика се намалува за 10 процентни поени. За осигурениците без бонус, учеството на фондот се намалува од 60 на 50 проценти. За оние што редовно оделе на стоматолошки прегледи во текот на пет години, покритието се намалува од 70 на 60 проценти, додека за осигурениците со десет години редовни прегледи, тоа паѓа од 75 на 65 проценти.

Бидејќи овие проценти се однесуваат на стандардна протетика, пациентите што ќе се одлучат за поскапи коронки, мостови или импланти би можеле да се соочат со значително повисоки трошоци што ќе треба да ги платат од сопствен џеб. За 2028 година се планирани и промени во системот за семејно осигурување. Децата и понатаму ќе бидат осигурени бесплатно под истите услови, додека во одредени случаи може да се воведе дополнителен придонес за брачните и регистрираните партнери кои немаат сопствени приходи.

Исклучоци ќе важат за семејствата со деца на возраст под 12 години, како и за специфични случаи кои вклучуваат обврски за нега или намалена работна способност. Се менуваат и праговите за здравствено осигурување за лицата со високи примања. За милиони корисници на јавно здравствено осигурување во Германија претстојат промени кои би можеле да значат повисоки лични трошоци, особено за лекови, болничко лекување, терапии и стоматолошки услуги.

Најнови вести од: Свет

Денес избори во Шведска, на кои е можно да се случи победа и историски влез на крајната десница во владата

Граѓаните на Шведска денеска гласаат на парламентарните избори, на кои левиот и десниот блок влегуваат речиси целосно израмнети со разлика од само 0,3 отсто, а исходот би можел да го донесе првиот историски влез на крајнодесничарските Шведски демократи во владата.

Трамп: Ирска може да се обедини и сега! – Ирски реакции: За иднината на земјата одлучуваат граѓаните, а не странски државници!

Лидерите на унионистичките партии во Северна Ирска упатија низа критики до американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој изјави дека „би сакал да види“ обединета Ирска. Тие му порачаа на Трамп дека „за уставната иднина на земјата ја одлучуваат исклучиво нејзините граѓани, а не странски државници“, пренесоа британските медиуми.

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

Америка одбележува 25 години од нападот врз кулите близначки

Официјалниот број на загинати изнесува 2.977 лица, не сметајќи ги 19-те киднапери. Жртвите биле државјани на 90 земји. Меѓу загинатите имало 343 пожарникари, како и полицајци и припадници на други служби за итни интервенции

To top