Македонија

Неделен извештај на Водовод: Водата во Скопје е безбедна за пиење

Сите 174 примероци ги задоволуваат пропишаните стандарди

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје го објави неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, со цел навремено да ги информира граѓаните.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 7 до 11 септември 2026 година зел вкупно 174 примероци вода за физичко-хемиска анализа и исти толку примероци за микробиолошка анализа. Примероците биле земени од 54 мерни места распоредени на територијата на град Скопје.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопштуваат дека според добиените резултати од лабораториските испитувања, сите анализирани примероци целосно одговараат на барањата утврдени со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“ бр. 183/18).

Резултатите потврдуваат дека водата за пиење во Скопје е безбедна и соодветна за употреба.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

To top