-Уставот и законот посебно предвидел кривични дела за заштита на избрани и именувани функционери, значи посебни кривични дела. Овде имаме една сериозна закана искажана преку социјални мрежи, но од лице познат сторител на кривични дела и прекршоци, насилство, физички пресметки, ливарство, тепачки, добро познат на полицијата. Таа закана кога доаѓа од една таква структура која што е блиску до организираните криминални структури, а знаеме дека тие организирани структури за да остварат некоја цел знаат да ангажираат и платени убијци, ликвидатори и така натака и така натака, односно да навлезат многу сериозно во остварувањето на своите цели, овде станува збор за една сериозно искажана закана и мене ме радува фактот што брзо е интервенирано од центарот за комјутерски криминал при МВР, брзо лоцираа од каде доаѓа заканата, од која со-мрежа и од која ај-пи адреса и така натака, брзо се интервенира, се утврдува сторителот и веднаш обвинителството ги презема оние мерки кои што е должно да ги преземе во предистрагата и издава наредба за негово приведување, бара од судот на претходна постапка мерка активен притвор која што се изрекува, се’ заради заради заштита на именуваниот функционер. Зато и јас самиот, кога зборувам за избрани или именувани функционери внимавам да зборувам без вулгарности, навреди и така натака затоа што одговорноста е сосема поинаку регулирана во кривичното право, посочи Ѓурчески.
-Овде сериозноста е изразена и мислам дека ако не се реагираше брзо, ова можеше да продолжи и спрема други, пратеници, судии, обвинители и така натаму, предупредува безбедносниот експерт во дебатната емисија „Колегиум“ на Алфа.