Министерството за внатрешни работи. денес, на 15 септември 2026 година соопшти: „ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ.(66) од струшкото село Биџево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Како градоначалник на Струга, спротивно на одредбите од Законот за основно образование тој донел одлука и незаконски разрешил директор на едно основно општинско училиште, по што назначил друго лице како вршител на должноста директор. М.Ќ. тоа го направил, иако знаел дека новоназначеното лице нецелосно ги исполнува условите, пропишани во Законот за основно образование“,
Неправилностите биле утврдени и од инспекцискиот надзор, извршен од Државниот просветен инспекторат, се додава во соопштението.
Претходно и во април 20276 година беше поднесена кривична пријава против градоначалникот на Општина Струга Ќира, поради сомневање дека на 18 ноември 2025 година, незаконски донел одлука за именување вршител на должноста директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ од Струга. На тоа работно место го имал назначено М.Ј. од Струга, иако знаел дека тој нема соодветно образование, ниту соодветен сертификат за познавање англиски јазик.
Именувањето на М.Ј. било спротивно на Законот за јавни претпријатија, бидејќи тој не исполнувал повеќе услови од законот. Со овој потег на М.Ј. му било овозможено противправно да оствари парична корист врз основа на плата и придонеси како директор на јавното претпријатие.