Европската Унија никогаш не била посилна, но во исто време е во најнесигурна позиција досега, потенцира претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во нејзиниот годишен говор за состојбата на Унијата. Тој говор за состојбата на Унијата беше следен од специјален гостин, канадскиот премиер Марк Карни. Неговата посета доаѓа во време кога Канада се стреми да ги зајакне врските со ЕУ, особено во областите на одбраната, дигиталната регулатива и трговијата, во услови нанапнатост со САД под администрацијата на Доналд Трамп. Карни утре ќе се обрати пред Европскиот парламент.
Фон дер Лаен истакна дека Европа и Канада веруваат во демократијата и принципот дека моќта не им припаѓа на најсилните, најбогатите и најгласните, туку на сите, како и во слободата на демократските општества сами да изберат со кого ќе соработуваат.
Таа објави дека ЕУ сака да го крене партнерството со Канада на највисоко можно ниво. „Ќе работиме заедно за да ја отвориме вратата за Канада да стане првата придружна членка на Европската Унија“, рече таа, а нејзиниот предлог беше проследен со овации простум.
Лаен додаде дека ова не е партнерство насочено против никого, туку партнерство за заедничка сила,
„Нетпрес“