Натаму гласноговорникот на владејачката македонска партија истакнува: За обичниот граѓанин важи законот, а кога ќе се стигне до луѓето и интересите поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството, веднаш се ставаат во нивна заштита.
Тоа е правдата што ја оставија и ветуваа СДС и ДУИ. Затоа граѓаните немаат доверба во правосудството.
Не може за ќебапи да има три години затвор, а за случаи со десетици изгубени човечки животи, граѓаните со години да чекаат конечна правда и и да не ја дочекаат.
Правосудството не смее да биде штит на СДС и на ДУИ. Законот мора да важи еднакво за сите, порачува портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.