Македонија

Николовска: ДЗР утврди дека СЈО исплаќало плати и надоместоци спротивно на закон

СJO ги чинеше граѓаните и оваа држава милионски суми за нешто што не се испорача, значи нула резултат

„Дали може да ни објасните за бонусите кои ги земавте од СЈО и додатоци за тајност? Jас тоа го прашувам од еден друг аспект, бидејќи јас исто така водев еден предмет кај што беше гонета одредена особа за исто такви некои додатоци, надоместоци и тоа од обвинител исто нели постапува од СЈО којшто притоа од она што беше пласирано во медиуми. Јас не знам, не тврдам дека биле земани бонуси односно додатоци за тајност. За мене како адвокат, читајќи го и Законот за јавно обвинителство и Законот за специјалното јавно обвинителство, па сметам дека една од основните работи во постапувањето на секој јавен обвинител е точно да ги чувате, податоците до коишто дошол во своето работење и да не ги изнесува“, изјави Ружица Николовска, член на правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во дебатната емисија Анализа на 24 ТВ.

Николовска се осврна на работата на поранешното СЈО, односно постапувањето за предмети од висока корупција, потенцирајќин дека „според конечниот извештај за извршена ревизија на усогласеност на плати и надоместоци за и други надоместоци во СЈО каде што токму за овој додаток се утврди дека во тој период, да не згрешам од 2016 јануари до септември 2019 година точноста на пресметките, евидентирањето и исплатата не се во согласност со релевантната законска регулатива.
Дали е ова во ред?“

Николовска нагласи дека според ревизорскиот извештај за усогласеност на плати и надоместоци и други надоместоци во СЈО, како што кажа, во период 2016-2019 година,точноста на пресметките, евидентирањето и исплатата не биле во согласност со релевантната законска регулатива. Таа додаде СJO ги чинело граѓаните и оваа држава милионски суми, без конкретни испорачани резултати.

„Овдека од она што се читаше, од она што беше достапно во јавноста се зборуваше за навистина огромни суми. СJO ги чинеше граѓаните и оваа држава милионски суми за нешто што не се испорача, значи нула резултат“, рече Николовска.

Најнови вести од: Македонија

Разрешен Тимот за борба против дрогата во Куманово – Јанев: Кога нема резултати, следи одговорност

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Куманово, каде што во фокусот беа безбедносната состојба и борбата против нелегалната трговија и дистрибуција на дрога и психотропни супстанции на подрачјето на Куманово, Кратово и Крива Паланка. По 11 недели од формирањето на Работниот тим за борба […]

ОМО Илинден – Пирин до Јотова: Не ни недостигаат никакви документи за регистрација, бугарските судови постојано измислуваат нови барања!

Сопретседателот на Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден – Пирин Стојко Стојков ги отфрла тврдењата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова дека при обидите за регистрација на здружението недостигаат документи. Тој тврди дека организацијата ги исполнува барањата, но судовите секогаш наоѓаат нови забелешки.

„Ценовното лудило“ со станбениот квадрат продолжува, но и побарувачката на станови, особено во Скопје и Охрид

Цените на недвижностите во Македонија вртоглаво растат, особено во Скопје и Охрид, ама не стивнува ниту интересот за купување станови. Високите цени на недвижнините во Македонија, особено во Скопје и во Охрид се одредени од повеќе чинители: скапи парцели за градба, ограничена понуда на атрактивни локации, инвестициско купување уште на почетокот на градбата, оптек на многу кеш, односно „црни пари“…

„Нетпрес“: Ристоска призна дека со Јосифовска од СЈО имале пристап до материјалите од незаконските прислушувања!

„Ленче Ристоска, поранешна обвинителка од корумпираното СЈО, јавно призна во своето вчерашно гостување на ТВ 24 дека со уште една своја тогашна колешка имале пристап до сефовите, каде во тој момент се чувале материјалите од незаконските прислушувања.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Царинските службеници опремени со телесни камери

Системот на телесни камери за царинските службеници, обезбеден преку Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамките на кривичниот оддел при Министерството за правда на САД, денеска официјално беше промовиран на граничниот премин Табановце

Стратегијата за вештачка интелигенција треба да биде донесена до крајот на годината

Планираме и ние во втора фаза, покрај дата-центарот, да изградиме и фотонапонска централа, со која од 30 до 40 проценти од потрошувачката на електрична енергија ќе ја искористиме од фотонапонската централа – изјави Андоновски

Најнови вести

To top