Бизнис

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ

Полнењето резервоар од 50 литри со бензин сега чини околу 103 евра, додека полнењето со дизел чини 108 евра

Цените на бензинот и дизелот во Европската унија оваа недела ги достигнаа највисоките нивоа во изминатите 20 години, откако се следат податоците.

Според податоците на Европската комисија, полнењето резервоар од 50 литри со бензин сега чини околу 103 евра, додека полнењето со дизел чини 108 евра, пренесува Index.hr.

Високите рафинериски маржи се главен двигател на поскапувањата. Експертите од Европската централна банка (ЕЦБ) проценуваат дека маржите за дизелот нема да го достигнат својот врв пред октомври, што сугерира дека цените би можеле да останат високи.

Цените на горивата на бензинските пумпи нагло пораснаа по избувнувањето на конфликтот на Блискиот Исток, дополнително засилувајќи ги инфлаторните притисоци. ЕЦБ објави дека инфлацијата кај енергенсите во еврозоната скокнала на 14,3 отсто во август, од 10,3 отсто во јули.

На 14 септември, просечната цена по литар бензин во ЕУ изнесувала 2,063 евра, додека цената на дизелот била 2,159 евра. Ова се највисоките цени регистрирани откако Комисијата почна да ги следи податоците во 2005 година. Претходниот рекорд за бензинот беше поставен во 2022 година, додека цените на дизелот последен пат се приближија до сегашните нивоа во април оваа година.

Цените значително варираат меѓу земјите-членки. Најевтин бензин има во Малта, каде што литар чинел 1,34 евра, додека најскап бил во Данска, со цена од 2,56 евра. И дизелот исто така бил најевтин во Малта, со цена од 1,21 евро за литар, додека најскап бил во Финска, со 2,51 евро.

Податоците потекнуваат од неделниот билтен за нафта на Европската комисија, објавен на 17 септември, и ги одразуваат цените регистрирани на 14 септември, вклучувајќи ги даноците и акцизите.

Цените растат веќе неколку месеци – од почетокот на војната во Иран кон крајот на февруари, што ги попречи енергетските текови низ Ормуската Теснина. На врвот на конфликтот, цената на суровата нафта од типот „Брент“ надмина 126 долари за барел. Во петокот, барел нафта за испорака следниот месец се тргуваше по цена над 104 долари. Пред војната, цената изнесуваше околу 72 долари.

Ситуацијата со снабдувањето во Европа дополнително се усложни откако „Сауди Арамко“ извести најмалку две европски рафинерии дека нема да ги добијат договорените испораки на нафта во октомври. Според „Блумберг“, кој се повикува на извори запознаени со ситуацијата, одлуката се однесува на сите европски купувачи, а следува по нападот што го извршија јеменските Хути врз клучен саудиски нафтовод што води кон Црвеното Море.

Сепак, цената на суровата нафта на светските пазари не е единствениот фактор што го поттикнува поскапувањето. Трошоците за преработка на нафтата значително пораснаа, како и маржите за преработка, што дополнително ги зголеми цените на бензинските станици. Маржата за преработка ја претставува разликата помеѓу цената на суровата нафта и цената на финалните производи, како што се бензинот и дизелот.

Европската централна банка (ЕЦБ) соопшти дека очекува маржите за дизел да го достигнат врвот дури во октомври.

Од почетокот на 2026 година, просечната цена на бензинот во ЕУ е зголемена за приближно 29 отсто, а на дизелот за речиси 40 отсто.

Според анализата на ЕЦБ од јули, промените во цените на суровата нафта генерално целосно се пренесуваат на цените на горивото пред оданочување во рок од еден до два месеца.

Во јули, суровата нафта учествуваше со помалку од една четвртина во цената на горивото во еврозоната. Остатокот се состоеше од трошоци за преработка и дистрибуција, маржи и даноци, што ги објаснува значителните разлики во цените меѓу земјите. Во тоа време, акцизите и ДДВ учествуваа со околу 44 отсто во цената на дизелот и 52 отсто во цената на бензинот.

Експертите од ЕЦБ истакнуваат дека маржите за преработка моментално сочинуваат значителен дел од цената на дизелот.

– Проценуваме дека во третата недела од септември, маржите за преработка изнесувале 0,41 евро по литар дизел – или 19 отсто од малопродажната цена – додека за бензинот изнесувале 0,17 евро по литар, односно 8 отсто, соопштија од ЕЦБ.

Најнови вести од: Бизнис

Хуманоста како традиција: „АЛКАЛОИД“ со нова донација за здравјето на најмладите

Од првиот Хуманитарен пикник до денес собрани се близу 14 милиони денари наменети за поддршка на здравствени установи, хуманитарни и граѓански организации, деца, лица со ретки болести, ранливи категории и лица од третото доба, како и за иницијативи за заштита на животната средина

Мицковски: Со завршувањето на проектот за антимон ќе ја зголемиме важноста на Македонија и економскиот стандард

Тој се повикува и на првичните извештаи за резервите, според кои, како што наведува, тие би можеле да бидат значително поголеми од збирните резерви на двете водечки земји во светот во производството на антимон

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските транспортери

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските превозници. Од 23 септември оваа земја треба да почне да прима барања за долгорочни визи. Ова го најави Билјана Муратовска од Макам-транс. Во другите земји сè уште важи старото правило, возачите можат да бидат во Шенген најмногу 90 дена во период од 180 дена.

Инстант-плаќањата ќе овозможат трансфери за неколку секунди, 24 часа во денот, вели Славески

Гувернерот посочи дека оваа иницијатива има и европско значење. Северна Македонија е меѓу земјите од Западен Балкан на коишто им е понудено, уште пред членството во Европската Унија, да се приклучат кон системот за инстант-плаќања на Европската централна банка.

To top