Македонија

Петар Арсовски: Горд сум што се вложува во македонската кинематографија

Арсовски за фестивалот и иднината на македонскиот филм

Актерот Петар Арсовски, годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, истакна дека е горд што во македонската кинематографија се вложува и што таа стои рамо до рамо со светската.

„Убаво е што се појавија и нови деца кои собираат куп награди на меѓународни фестивали и уверен сум дека иднината на македонскиот филм е сигурна, како и некогаш“, рече Арсовски.

На прес-конференцијата во прес-центарот на ИФФК „Браќа Манаки“ тој потсети на почетоците, кога ги снимил првите филмски кадри во „Македонскиот дел од пеколот“, како и на поновите ангажмани во серијалот „Сенки над Балканот“.

– Моите први филмски кадри ги снимив тука во Битола, на ова поднебје во близина на селото Лавци каде дебитирав. Но, како тогаш така и сега мислам дека има ист ентузијазам во македонската кинематографија и во таа смисла, јас сум горд што во македонската кинематографија се вложува и е рамо со светската. Патем, убаво е што се појавија нови деца кои собираат куп награди на меѓународни фестивали и уверен сум дека иднината на македонскиот филм е сигурна, како и некогаш. Среќен сум и мирен сум дека и во иднина ќе се гледаат добри филмови – истакна Арсовски.

Според него, фестивалот „Браќа Манаки“ е сериозен настан. Долготрајниот аплауз што го доби синоќа за наградата за него бил голема возбуда и изненадување.

– Во моментов немам понуди за филмското платно, но не се повлекувам и не одбивам понуда. За мене големите и малите улоги се ист предизвик – нагласи Арсовски.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

To top