Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со младите уметници од „Мал битолски Монмартр“

Претседателката ги посети учесниците на 45. издание на Детската ликовна колонија во Битола

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со талентираните млади уметници кои се дел од 45. издание на „Мал битолски Монмартр“ – Детска ликовна колонија.

Средбата се одржа пред Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ во Битола, каде што младите уметници ги претставија своите дела создадени во рамките на ликовната колонија.

Сиљановска-Давкова истакна дека е особено значајно што преку ваквите иницијативи се поттикнуваат најмладите да создаваат, да ја развиваат својата креативност и слободно да ја изразуваат својата имагинација.

„Мал битолски Монмартр“ по 45. пат ја продолжува традицијата на промовирање и поддршка на детското ликовно творештво, обединувајќи млади уметници и нивните дела во Битола.

Преку своите слики, младите учесници ја исполнуваат Битола со бои и креативност, претставувајќи го светот низ својот детски поглед и имагинација.

Најнови вести од: Македонија

To top