Потпретседателот на Демократската унија за интеграција и поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија, месецов беше во работна посета на Јужен Тирол, со фокус на моделот на автономија, совладеење, заштита на заедниците и јазична еднаквост.
За време на посетата, Османи се запознал како институциите на Јужен Тирол изградиле конкретни механизми за заштита на јазичните права, пропорционалната застапеност и учеството на заедниците во јавниот и институционалниот живот.
Во рамки на посетата, Османи ја посети Канцеларијата за јазични права и човекови права при Парламентот на Јужен Тирол, каде што се разговараше за институционалните и правните механизми кои ја гарантираат употребата на јазиците, заштитата на правата на заедниците и спроведувањето на принципите на еднаквост.
„Јужен Тирол е еден од најконсолидираните европски модели на автономија, совладеење и јазична еднаквост. Она што е особено важно е што овие принципи не остануваат само на политичко ниво, туку се поддржани со уставни, законски и институционални гаранции“, рече Османи.
Според Османи, искуството од Јужен Тирол е од посебно значење за Македонија, не како модел што треба механички да се преслика, туку како европско искуство од кое може да се извлечат поуки за зајакнување на механизмите на соживот, еднаквост и учество на заедницата.
„Охридскиот рамковен договор ѝ даде на С. Македонија важна архитектура за меѓуетнички соживот. Искуството од Јужен Тирол покажува дека без силни институции, доследна примена на законот и јасни механизми за гарантирање на правата, принципите на соживот остануваат незаштитени. Затоа, наша задача е да ја заштитиме и зајакнеме оваа архитектура со нејзино придвижување во согласност со европските стандарди“, нагласи Османи.