Спорт

Лука Дончиќ потпиша нов договор со Лејкерси: „Пат кон шампионската титула“

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс, потпишувајќи тригодишен договор вреден 165 милиони долари.

instagram/lukadoncic

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс, потпишувајќи тригодишен договор вреден 165 милиони долари. Лејкерси му понудија договор веднаш штом беше можно, на 2 август.

По трансферот од Далас, Дончиќ одигра 28 натпревари за Лејкерси, со просек од 28,2 поени, 8,1 скок, 7,5 асистенции и 1,6 украдени топки за 35 минути игра. Во плејофот, во петте натпревари против Минесота Тимбервулвс, тој бележеше просек од 30,2 поени, 7 скока, 5,8 асистенции и 1 украдена топка за 41,6 минути.

„Потпишав нов договор со Лејкерси и сум возбуден да продолжам да се борам за шампионската титула во Лос Анџелес. Благодарен сум на тимот, соиграчите и навивачите за огромната поддршка. Ова е само почеток“, објави Дончиќ на социјалната мрежа „X“.

Најнови вести од: Спорт

Бугарскиот параоломпиец Ружди повторно постави светски рекорд

34-годишниот параатлонец од селото Глоѓево во Русе (Бугарија) триумфираше во фрлање ѓуле на Светското првенство во атлетика за лица со попреченост во Њу Делхи, откако три пати го собори светскиот рекорд.

To top