СДС мислат дека сите се како нив, па од таа перспектива се навикнати и ги гледаат работите, па затоа и им смета и официјалната посета на САД на претседателот и премиер, Христијан Мицкоски. Кога СДС збори за некаква армија на Мицкоски, еве ги арамиите на Зоран Заев во посета на Генералното собрание на Обединети нации кога Заев беше премиер, а Венко Филипче министер, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во таа делегација бил и Венко Филипче како министер за здравство на шетање во Њујорк, Насер Нуредини министер за екологија, Бујар Османи и Нина Ангелова како и сегашниот „независен“ новинар Зоран Бојаровски, советници и вработени во влада. Таму и кучињата по дома ги земале на шетање во САД. Но, за разлика од тогаш денес нема непотребни членови на делегацијата и нема луксузирање и дополнително, ефектите и придобивките за државата се далеку поголеми. Во рамките на оваа посета се одржаа бројни средби со високи американски државници, меѓу кои и со државниот секретар на САД, Марко Рубио како со заменик-државниот секретар, Кристофер Ландау и бројни конгресмени, велат од владејачката партија.

„Во рамките на посетата на САД, Претседателот и премиер, Мицкоски вчера учествуваше и достоинствено ја претставуваше Македонија и на отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации, што претставува место на кое се носат важни одлуки. На оваа посета уште еднаш беше потврдено и зацврстено стратешкото пријателство со САД и можностите ова пријателство да се претвори во инвестиции и економски развој“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.