Хроника

Со петарди предизвикале пожар во парк во „Капиштец“ (ВИДЕО)

За настанот алармираат жители од населбата, кои велат дека проблемот со употребата на пиротехнички средства трае подолго време

Група малолетници и помлади лица со петарди предизвикале пожар во паркот „Капиштец“, откако синоќа било запалено дрво.

За настанот алармираат жители од населбата, кои велат дека проблемот со употребата на пиротехнички средства трае подолго време.

Според објавата на Фејсбук-страницата „За пристоен Капиштец“, жителите повеќепати пријавувале пукање петарди во полиција.

„Ноќва, при пукање на петарди овие млади лица успеаја да запалат дрво во паркот ‘Капиштец’ и за малку пожарот не се прошири кон околните згради и трафостаници“, се наведува во објавата.

Жителите посочуваат дека проблемот не е од денес. Според нив, покрај гласната музика, во овој дел од населбата секојдневно се користат пиротехнички средства.

Од групата тврдат дека ваквите случаи редовно ги пријавуваат во полиција, но, според нивните наводи, досега немало навремена реакција.

По вечерашниот инцидент, жителите бараат надлежните институции да реагираат и да утврдат кој го предизвикал пожарот.

 

Најнови вести од: Хроника

Разбиен организиран синџир за шверц на цигари вреден над шест милиони евра

Николовски информираше дека шлеперите натоварени со цигари влегувале преку граничниот премин Богородица без нивното влегување воопшто да биде евидентирано од страна на царинските и полициските службеници

Запалил македонско знаме – МВР го пронајде (ВИДЕО)

Полициски службеници детектирале видео со содржина за која постојат основи на сомнение дека е сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“

To top