Македонија

Македонските танчери блеснаа на Европското првенство во модерни танци и го освоија првото место

Европско злато за Македонија

Фото: Јордан Серафимов – Серафим

Македонската репрезентација од 43 танчери во модерни танци повторно се искачи на европскиот врв, освојувајќи го првото место на Европското првенство во модерни танци, кое се одржува во Скопје.

Со своите настапи, македонските талентирани танчери уште еднаш покажаа дека имаат квалитет, посветеност и огромен потенцијал, претставувајќи ја Македонија на најдобар можен начин пред европската публика.

Успехот е уште едно значајно признание за македонските млади танчери, кои со многу труд, тренинзи и љубов кон танцот стигнаа до највисокото место на европското натпреварување. Златниот успех е потврда за нивниот талент и посветеност, но и мотив за нови настапи и уште поголеми достигнувања на меѓународната сцена.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Технологијата напредува брзо, но одговорноста мора да остане човечка

Министерот нагласи дека иновациите треба да создаваат нови економски можности и поквалитетни јавни услуги, но истовремено мора да бидат придружени со јасна одговорност, заштита на граѓаните и почитување на владеењето на правото.

To top