Македонија

Долгот на Општина Тетово намален од 20 на 3 милиони евра

Градоначалникот Касами ги повика граѓаните да го платат заостанатиот данок на имот за последните две години

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, објави дека долгот на општината е намален од 20 на 3 милиони евра.

„Општина Тетово имаше долг од 15 милиони евра, кој заедно со каматиете се зголеми на 20 милиони. Сега успеавме да го намалиме тој долг кон извршителите на 3 милиони и работиме на тоа да ги исплатиме и конечно Општина Тетово да има финансиска ликвидност. Затоа, апелирам до граѓаните да ги платат даноците на имот за 2024/25 година, за да не бидеме принудени да ги испраќаме на извршител. Ова се задоцнети обврски и граѓаните ќе мора да платат бидејќи тоа е граѓанска обврска“, изјави Касами.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top