Иницијативата на граѓаните кои живеат на еден дел од улицата „Славејко Арсов“ на Водно за независна рецензија на она што се прави со дозволите за градба на оваа улица три месеци е без одговор. Три месеци потоа тие дознаваат дека издадено е и решение за сообраќаен режим на оваа уличка по која треба да се движи огромна градежна механизација за новите дозволи за градба, пишува Александар Дамовски за МКД.мк.
Подносителите дознале дека нивната првична иницијатива адресирана до Виолета Велковска, претседателката на Советот на Општина Центар, таа воопшто и не ја добила. И МКД.мк повеќе од еден месец бара одговори од Општина Центар за овој проблем, но и натаму не добиваме никаков одговор.
Граѓаните бараат градежен инспектор или урбанисти од Градежниот факултет во Скопје да направат увид на лице место, а не само увид на документацијата. Затоа што ако, на пример се гледа како улицата е вцртана во плановите наспроти ситуацијата на лице место, разликата е драстична. Се работи за нацртана улица која треба да ги исполнува критериумите за она што се планира допрва да се гради на оваа слепа улица, дел од „Славејко Арсов“.
Но на терен ситуацијата е сосема поинаква и во однос на потребната широчина и во однос на сопственоста на земјиштето низ која поминува улицата и во однос на исполнување на неопходните сообраќајни услови на слепа улица која на крајот мора да има место за развртување на комуналните камиони кои тука ја извршуваат својата секојдневна работа. А се разбира, по потреба, и на возилата за брза помош или на противпожарните возила. Таму такво нешто едноставно е невозможно.
Повеќе детали за скандалозната ситуација на најелитната скопска населба која може да доведе и до жртви на овој ЛИНК
Фото: мкд.мк