Хроника

Акција против радикална група во Скопје: Уапсени се шестмина

Пронајдени автоматско оружје, снајперски пушки, пиштоли, ножеви и знамиња со обележја на ИСИС

Во Акцијата на полицијата и Агенцијата за национална безбедност е уапсена група од шест лица,  која, според првичните информации, имала врски со терористичката организација ИСИС, но и со активности поврзани со организиран криминал.

Во акцијата учествуваат Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

При претресите на повеќе локации, наводно, биле пронајдени автоматско оружје, снајперски пушки, пиштоли, ножеви и знамиња со обележја на ИСИС. Пронајдена била и опрема за нелегално копање криптовалути.

Според првичните неофицијални информации, групата, покрај сомненијата за терористички активности, се поврзува и со лихварство, нелегална трговија и насилни дејствија.

Од Обвинителството потврдија дека акцијата се спроведува на повеќе локации и дека се приведени лица поради сомнение за кривични дела од областа на тероризмот. Повеќе детали најавија по завршувањето на претресите и другите истражни дејствија.

Акција на МВР и АНБ: Во Скопје приведени повеќе лица, поради сомнение за тероризам

Засега нема официјални информации за идентитетот на осомничените, нивното државјанство или за евентуални конкретни планови за терористички напади. Надлежните институции треба да ги потврдат и наводите за пронајдените предмети и поврзаноста на групата со ИСИС.

Најнови вести од: Хроника

To top