Под мотото „Да оставиме пример, не ѓубре!“ во Скопје утре, 30 септември, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи најмасовната еколошка акција за чистење на главниот град.
Во акцијата ќе учествуваат неколку илјади волонтери, сите скопски општини, градоначалниците, претставници од амбасадите, ученици, јавни личности, спортисти и бројни граѓани. Активноста ќе се спроведе во секое маало и во сите општини на територијата на град Скопје.
Според надлежните овие акции нема да бидат еднократни, туку ќе се одржуваат редовно, односно двапати месечно, со цел да прераснат во трајна традиција и навика за почиста и поздрава животна средина. Идејата е сите сограѓани масовно да се приклучат и со личен пример да придонесат за уредување на јавните простори, парковите и улиците.