Хроника

Шест малолетници приведени за разбојништво во Центар

Сомненија за разбојништво и обид за разбојништво

Шест малолетници од Скопје биле лишени од слобода поради сомнение дека извршиле разбојништво, како и дека се обиделе да извршат уште едно такво дело.

Според информациите од МВР, на 4 октомври околу 22 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле шесте малолетници на подрачјето на Општина Центар.

Тие се товари дека со закана од еден малолетник одзеле пари, при што еден од нив употребил и остар предмет. Во истиот случај, според пријавеното, се обиделе да одземат пари и од друг малолетник.

Од МВР соопштуваат дека по целосното документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава.

Пријавата ќе биде поднесена поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојништво во обид“, предвидени во член 237 и член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Најнови вести од: Хроника

Тешка сообраќајна несреќа во Гостивар: шестмина повредени, четворица од нив тинејџери

На 03.10.2026 околу 22 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата на ул. „Кеј Вардар“ и ул. „Тоде Богдановски“ во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патнички возила „голф“, управувано од Е.Р. (18), „голф“, управувано од Б.А.(19), „бмв“, управувано од М.М. (25) и паркирано возило „пасат“ во сопственост на Е.С. (54), сите од Гостивар.

Јанев по полициската операција во Прилеп: Митот за „недопирливите“ падна, повеќе не може никој да се крие зад „врски“!

По големата полициска операција, спроведена пред два дена во која беше сузбиена организирана криминална група, вмешана во недозволена трговија со дрога и економски криминал, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска го посети Одделението за внатрешни работи во Прилеп.

Дејан Јованов доби 30-дневен притвор за случајот „Пулс“, сега за поткуп

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи притвор во траење од 30 дена за Дејан Јованов од Кочани. Тој постапуваше по предлогот за тоа Јавниот обвинител од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Директорот во „Државна лотарија“ Владо Петковски на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами

Со вкрстено испитување на сведокот Владо Петковски, директор на Секторот за игри на среќа во АД „Државна лотарија“, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за предметот „Државна лотарија“, откако претходно тој беше директно испитан од обвинителството.

Тошковски: Разбиена сериозна криминална група, дел од неа дејствувал над 15 години во Македонија и во земји од ЕУ!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во Радио Лидер соопшти детали за големата полициска акција, која вчера беше спроведена во Прилеп. Тој посочи дека е разбиена многу сериозна организирана криминална група, на која Министерството за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство и со странски партнерски служби, работело повеќе од една година.  „Значителен дел од таа организирана криминална група повеќе од 15-тина години го правела тоа што го правела и биле недопирливи за органите на прогон.“ – истакна Тошковски.

To top