Македонија

Доцнат вакцините против сезонски грип

Вакцините против сезонски грип се очекува да бидат обезбедени во текот на месецов, а од Министерството за здравство уверуваат дека се преземаат сите потребни активности за вакцинацијата на ранливите категории да започне што е можно поскоро

freepik.com

Од Министерството објаснуваат дека доцнењето не е поврзано со домашната постапка за набавка, туку со глобален проблем во производството на вакцините. Причината е промената на сите три вирусни соеви што се користат во составот на вакцината.

Како што информираат од Министерството, годинава за првпат истовремено се променети двата соја на вирусот на грип А и еден сој на грип Б. Светската здравствена организација и американската Агенција за храна и лекови (ФДА) ги ажурирале сите три соеви, поради што производителите ширум светот подоцна го започнале производството.

Ниедна фирма не се јавила на тендерот на Министерството за здравство за да донесе во земјава вакцини против сезонски грип, одговорија на прашањето на „Слободен печат“ од Министерството за здравство. Лани во овој период веќе беше започнат процесот на онлајн пријавување, но годинава од вакцините нема абер.

Вакцинацијата се препорачува од средината на октомври до крајот на ноември, бидејќи се потребни околу две недели за да се развие имунитет. Од Министерството велат дека причината е глобалниот проблем со производството, а не домашната постапка.

Во меѓувреме, Министерството за здравство е во постојана комуникација со земјите од регионот и со други меѓународни партнери, преку кои се очекува вакцините да бидат обезбедени во текот на овој месец.

Од Министерството потсетуваат дека вакцинацијата останува најсигурната заштита од тешки форми на грип и компликации, особено за хронично болните, постарите лица и бремените жени.

Граѓаните ќе бидат навремено информирани за сите нови информации поврзани со обезбедувањето на вакцините и почетокот на вакцинацијата.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Спорот не се сведува само на јазикот тој задира и во други идентитетски прашања

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен неодамна јавно побара продолжување на разговорите, а претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Софија настапи со слична порака, дури и посочувајќи на потребата од одредени гаранции. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ова го толкува како јасна промена во односот на Унијата.

To top