Македонија

„Млади и луди“ во возило без таблички и без возачка дозвола (ВИДЕО)

МВР објави дека се поднесени пријави против момчињата кои дивееја со автомобил по скопските булевари

Полицијата ги откри сторителите на „лудото возење“ откако на социјалните мрежи се појави видео од момчиња како во буквална смисла лудуваат низ скопските улици.

Едното момче стои на хауба додека возилото вози без регистарски таблички, а други двајца висат од отворени врати.

Видеото предизвика лавина негативни коментари за момчињата.

МВР објави дека се поднесени пријави против момчињата кои дивееја со автомобил по скопските булевари, а при тоа едниот играше качен на хаубата, а другиот ја отвори вратата додека возилото бше во движење.
При тоа, возачот на автомобилот немал возачка дозвола, а возилото било без регистарски таблички, како што откриваат од полицијата.

https://www.facebook.com/reel/767586742459038/

„Во врска со видео записот што беше споделен на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека веднаш се преземени мерки и активности и лицата се пронајдени, извршен е службен разговор и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.
Против возачот С.З. (20) од Скопје по член 167 став 2 (поради превезување лице на надворешните делови од возилото) и член 225 став 9 (возење без возачка дозвола) од ЗБСП и член 26 став 10 од Законот за возила (управување возило без регистарски таблици), како и против лицето што стои на хауба Р.Ѓ. (19) од Скопје по член 317 став 14 (му дал да управува возило на лице без возачка дозвола) и член 165 став 2 (прави дејствија со кои ја загрозува својата безбедност) од ЗБСП.

 

СВР Скопје презема и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, објави полицијата.

 

Најнови вести од: Македонија

Кривична за скопјанец кој продавал карти за непостоечки концерт

Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.Х. (25) од Скопје за сторено кривично дело „компјутерска измама“  А.Х. три месеци, односно во периодот од 04.04.2025 до 13.06.2025 како одговорно лице на компанија која организира музички настани, преку веб страница за продавање на билети овозможил електронско купување на билети за […]

Приведен кумановец кој се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина на натпреварот во Куманово

Полицијата во  Куманово го лиши од слобода С.М. (30) од Куманово, кој се сомничел дека на полувреме од кошаркарскиот натпревар се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина. По целосно расчистување на случајот против него ќе следи соодветен поднесок, известуваат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму додаваат дека на разговор биле повикани неколку лица во […]

To top