На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат двајца млади што тврдат дека биле физички малтретирани од полициски службеници. Инцидентот се случил на 7 октомври во областа на Сарај.
Тие изјавија дека полицајците пукале, им ги дупнале гумите на автомобилот, скршиле стакло и потоа ги врзале и ги тепале додека биле легнати на земја.
МВР потврди дека е отворена внатрешна истрага. Одделот за внатрешна контрола треба да ги провери сите околности на настанот.
ДУИ побара оставка од заменик-министерот Астрит Исени и целосно расветлување на случајот.