Маж уби осум лица – меѓу кои бремена жена и деца – во Пенсилванија, пред да си го одземе животот, пренесува АП.
Полицијата соопшти дека 45-годишниот маж бил роднина на седум од жртвите во пукањето што се случило претходниот ден. Осмата жртва била пријателка на бремената жена. Трагедијата се случила во семејниот дом.
Во оваа фаза не се зборува за мотивот за злосторството, а полицијата одби да даде детални коментари за тоа што службениците затекнале по пријавата за пукање.
Обвинителството апелираше до јавноста да се воздржи од шпекулации додека трае истрагата.
Гувернерот Џош Шапиро изјави дека ѝ понудил „целосна поддршка“ од својата администрација на градоначалничката на градот Ири, Дарија Девлин.