Македонија

По Трамп и Илон Маск удри на Зеленски

Маск го поддржа барањето на Трамп: „Зеленски отиде предалеку, на Украина и треба нов лидер

Американскиот милијардер и сопственик на социјалната мрежа X, Илон Маск, денеска ја поддржа изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Украина треба да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски.

Маск на платформата X напиша: „Зеленски отиде предалеку“, а подоцна додаде: „Се согласувам, време е Украина да добие нов лидер“.

Ова доаѓа непосредно откако претседателот Трамп во саботата (10 октомври) изјави дека е време Украина да има нов претседател кој ќе може да склучи договор. Трамп го критикуваше Зеленски дека повеќепати имал можност да ја заврши војната, но наводно одбил, како и дека продолжува со напади врз руски рафинерии за дизел гориво, и покрај предупредувањата од Вашингтон.

Напнатоста меѓу Трамп и Зеленски ескалираше по договор меѓу САД и Русија за снабдување со руско дизел гориво, кој требаше да ги намали глобалните цени. Зеленски го критикуваше овој потег, а Трамп остро возврати.

Украинското Министерство за надворешни работи реагираше преку министерот Андриј Сибиха, кој истакна дека само украинскиот народ има право да одлучува за своето раководство, особено во услови на војна.

Маск, кој претходно ја поддржуваше Украина преку системот Старлинк, во минатото веќе критикуваше делови од политиката на Киев и повикуваше на избори. Пред само месец и половина Зеленски лично му ја додели украинската „Орден на слободата“ за придонесот во одбраната на земјата.

Овие изјави дополнително ги зголемуваат тензиите меѓу Вашингтон и Киев во момент кога се бараат патишта за дипломатско решавање на конфликтот.

Најнови вести од: Македонија

To top