Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за 13 октомври е прогнозирана средна надворешна температура од 12 °C, со што се исполнети условите за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија, согласно одлуката на РКЕ. До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавуваат информации за тоа дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија за наредниот ден.
Поради то, грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, ќ стартува два дена порано, доколку прогнозата за средната надворешна температура за наредниот ден е еднаква или пониска од 12 °C.
Во октомври и првата половина од ноември, кога временските услови често се менуваат, снабдувањето со топлинска енергија ќе зависи од температурата на воздухот и атмосферските услови во различни периоди од денот, односно кога температурите се пониски, испораката на топлинска енергија се зголемува, а кога се повисоки, се намалува.
При точно утврдени атмосферски услови, кога надворешните дневни температури ќе достигнат одредени гранични вредности, испораката на топлинската енергија се прекинува, односно системот се исклучува.
Веднаш по падот на температурите под утврдените гранични вредности, централното греење повторно се вклучува. Со ваквиот начин на регулирана испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални можни трошоци за греење на потрошувачите.
„Навременото и непречено снабдување со топлинска енергија е од особено значење за комфорот на потрошувачите. Затоа, повторно апелираме до сите корисници да ги завршат подготовките на своите внатрешни грејни инсталации, чие редовно одржување е нивна обврска. Воедно, ги повикуваме заедниците на сопственици да обезбедат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници, редовно електрично напојување, подмирени сметки за електрична енергија и функционални електрични инсталации. Завршените интервенции треба веднаш да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи“, велат од ЕСМ.