Македонија има нова светска шампионка. Леа Стојковска, македонска спортистка и фитнес-тренерка, го освои златниот медал и првото место на Светското првенство во кинески боречки вештини.
Стојковска е активна спортистка уште од најмали години. Љубовта кон спортот, физичката подготвеност и боречките вештини ја градат нејзината спортска приказна со години.
Како членка на боречкиот клуб „Вардар“ и активна фитнес-тренерка, таа континуирано вложува во својот развој, подготвеност и усовршување.

Освојувањето на светската титула претставува значаен успех не само за самата спортистка, туку и момент на гордост за македонскиот спорт.
Нејзиниот резултат е доказ дека со напорна работа, силна волја и посветеност може да се стигне до самиот светски врв.