Македонија

Златен медал за Македонија: Леа Стојковска е светска шампионка

Македонската спортистка и фитнес-тренерка го освои првото место на Светското првенство во кинески боречки вештини

Македонија има нова светска шампионка. Леа Стојковска, македонска спортистка и фитнес-тренерка, го освои златниот медал и првото место на Светското првенство во кинески боречки вештини.

Стојковска е активна спортистка уште од најмали години. Љубовта кон спортот, физичката подготвеност и боречките вештини ја градат нејзината спортска приказна со години.

Како членка на боречкиот клуб „Вардар“ и активна фитнес-тренерка, таа континуирано вложува во својот развој, подготвеност и усовршување.

Освојувањето на светската титула претставува значаен успех не само за самата спортистка, туку и момент на гордост за македонскиот спорт.

Нејзиниот резултат е доказ дека со напорна работа, силна волја и посветеност може да се стигне до самиот светски врв.

Најнови вести од: Македонија

Топлификација пријатно ќе ги изненади корисниците

Од утре, 13 октомври 2026 година, започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системите за централно греење во Скопје, со кои управува АД ЕСМ преку ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и Подружница „Енергетика“

И Ива Михаилова замина на „лекување“ во Бугарија

Жителката на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка со смртни последици, ја напуштила земјава заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија, иако во рамки на постапката, како мерка на претпазливост ѝ се одземени личните документи

БИО ЕНТЕРПРАЈЗ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД „МАКПРОГРЕС“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ВИНЧИНИ”

Био Ентерпрајз, компанија од групацијата ФЕРО ИНВЕСТ / ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ, доби плакета за благодарност од „Макпрогрес“ за помошта што ја обезбеди при големиот пожар кој пред една година зафати дел од фабриката на македонскиот бренд „Винчини“ во Виница.

To top