Македонија

Австрискиот генерален директор за јавна безбедност во работна посета на Македонија

Акцент на унапредување на полициската соработка меѓу двете земји

Генералниот директор за јавна безбедност на Република Австрија, Франц Руф, престојува во работна посета на Република Северна Македонија. Во рамките на посетата, денеска оствари средба со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

На средбата беа разгледани актуелните безбедносни состојби во двете држави, заедничките безбедносни предизвици, како и состојбите и трендовите во областа на миграцијата и миграциските текови, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на меѓусебната соработка меѓу полициските служби преку размена на искуства, знаења и добри практики, како и преку реализација на заеднички обуки. Целта е јакнење на професионалните капацитети и ефикасноста во справувањето со современите безбедносни предизвици.

„Средбата претставува можност за продлабочување на партнерството и продолжување на успешната соработка меѓу двете институции, во насока на унапредување на безбедноста и зајакнување на заедничкиот одговор на актуелните предизвици“, се наведува во соопштението на МВР.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top