Македонија

Бугарскиот министер за внатрешни работи најави обезбедување за Ива Михаилова

Демерџиев најавува мерки по пристигнувањето во „Пирогов“

Бугарските власти ќе ги испитаат околностите под кои Ива Михаилова пристигнала во Бугарија. Доколку се утврди дека ѝ е потребно обезбедување, ќе ѝ биде доделена заштита, изјавил бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, пренесува „Новини.бг“.

Михаилова моментално се наоѓа во болницата „Пирогов“ во Софија, откако ја напушти Македонија, каде против неа се води судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици.

„Известен сум дека таа и нејзиниот адвокат се наоѓаат во ‘Пирогов’. Ќе се преземат чекори за нејзино сослушување и за утврдување кога, каде и како ја преминала границата“, изјавил Демерџиев, додавајќи дека ќе бидат испитани и другите околности, вклучително и евентуалната потреба од обезбедување.

Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија остро реагираше на приемот на Михаилова во Софија.

Од МНР оценуваат дека ваквото постапување на бугарските институции ја поткопува довербата меѓу двете држави и е спротивно на заложбите за добрососедски односи.

Од Министерството нагласуваат дека националната припадност и поседувањето друго државјанство не смеат да бидат заштита од судска одговорност.

Најавија и дека за случајот ќе ги информираат меѓународните партнери, особено институциите на Европската Унија и Советот на Европа.

Случајот добива дополнителна политичка димензија поради таткото на Ива Михаилова, Симеон Михаилов, кој се наоѓа во Бугарија.

Според објавените информации, во Македонија има правосилна затворска пресуда против него – осуден е на 12,5 години затвор за обид за убиство на Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски.

МВР го бара со меѓународна потерница за издржување на казната.

Пред еден месец Михаилов се појавил на протест пред македонската амбасада во Софија, каде во изјава за бугарската телевизија Б-ТВ ја нарекол Македонија „сурова земја“, критикувајќи ги ограничувањата за патување на неговата ќерка додека трае судскиот процес.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно побара Бугарија да го екстрадира Михаилов. Сега, наместо да се врати во Македонија, Ива Михаилова се наоѓа во Бугарија, каде надлежните институции треба да ги утврдат околностите на нејзиното пристигнување.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top